И Охрид и Куманово ќе продаваат и ќе издаваат државно градежно земјиште

Bez autora
Aug 20 2012

Општините Охрид и Куманово од вчера сами менаџираат со градежното неизградено земјиште кое е на нивна територија, а е во сопственост на државата. Со додавањето на овие две, Владата го зголеми списокот на општините кои управуваат со државното земјиште на 39, или ваква можност имаат скоро половината од општините во државата. Тие општини можат да продаваат или да даваат под закуп државно градежно земјиште. Со тоа право се стекнале откако исполниле одредени критериуми. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели дека со Законот за градежно земјиште, за да го преземат управувањето со земјиштето чиј сопственик е државата општините треба да имаат развиено и усвоено годишна програма за управување со земјиштето, да имаат минимален број лиценцирани општински службеници, како и воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за таа намена.

И Охрид и Куманово ќе продаваат и ќе издаваат државно градежно земјиштеОпштините Охрид и Куманово од вчера сами менаџираат со градежното неизградено земјиште кое е на нивна територија, а е во сопственост на државата.

Со додавањето на овие две, Владата го зголеми списокот на општините кои управуваат со државното земјиште на 39, или ваква можност имаат скоро половината од општините во државата.

Тие општини можат да продаваат или да даваат под закуп државно градежно земјиште. Со тоа право се стекнале откако исполниле одредени критериуми. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески вели дека со Законот за градежно земјиште, за да го преземат управувањето со земјиштето чиј сопственик е државата општините треба да имаат развиено и усвоено годишна програма за управување со земјиштето, да имаат минимален број лиценцирани општински службеници, како и воспоставен систем за електронско наддавање и комисија за таа намена.

- Со оваа одлука се потврдува дека Владата работи објективно и транспарентно, врз основа на законските прописи и со тоа паѓаат во вода обвинувањата на опозицијата дека определени процеси се блокираат на партиска основа - рече Јанакиески.

Министерот ги повикува и останатите општини да ги исполнат законските услови и да поднесат барања за добивање овластување за управување со државно градежно неизградено земјиште. Според него, со управување со градежното земјиште од општините се овозможува обезбедување брзи услуги, ориентирани кон граѓаните. На тој начин се овозможува комплетирање на целата постапка, вклучително и купување и давање под закуп градежно земјиште и добивање градежни дозволи, се на едно место.

- Со пренесување на надлежностите во делот на управување со градежното земјиште се оди чекор напред во децентрализацијата во Македонија, а ваквото решение е прифатено и поддржано од голем број значајни сектори кои се суштински поврзани со градежното земјиште, а особено од самите општини - рече Јанакиески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik